Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони на Стража, Тетово – Попова Шапка и на други патни правци

Забрана за камиони на Стража, Тетово – Попова Шапка и на други патни правци

На планинскиот превој Стража изутринава од 06:30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Забрана за камиони има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 06 часот и 35 минути според АМСМ се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Од 07:15 часот забрана за сообраќај на тешки товарни возила се воведува и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека.

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2022 година, велат од АМСМ.

Можете да прочитате

Експлозии на две буриња со хемикалии: Пожар во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков

Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата

М-НАВ најавува нови вработувања и модернизација, синдикатот предупредува на можен штрајк