Утрински Весник
Спорт

Рагник прво ќе го тренира Јунајтед, потоа ќе биде консултант

Рагник прво ќе го тренира Јунајтед, потоа ќе биде консултант

Манчестер јунајтед, во текот на денот, ќе го промовира Ралф Рагник во нов менаџер на тимот. Германецот ќе биде привремено решение, ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ до јуни.

Откако ќе му заврши договорот, Рагник, ќе остана на „Олд Трафорд“ и во наредните две години и ќе ја има улогата на консултант.

Ќе има влијание врз изборот на новиот менаџер и врз трансфер политиката. Тој ќе реши кој од играчите, чии договори истекувата на крајот од сезоната, ќе останат во клубот.

Рагник на клупата на Јунајтед доаѓа на местото на Оле Гунар Солскјер.

Од отказот на Солскјер до именувањето на Рагник, Јунајтед против Виљареар (2:0) и Челси (1:1) го предводеше Мајкл Керик.

> Рагник прво ќе го тренира Јунајтед, потоа ќе биде консултант <

Можете да прочитате

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине