Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во СДСМ е фарса, се знае кој е пиунот на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во СДСМ е фарса, се знае кој е пиунот на Заев

Конгресот во СДСМ е фарса се знае дека пиунот на Заев, Димитар Ковачевски, е човекот на олигархијата кој ќе го наследи Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, градоначалник на Куманово во, како што велат, времето на транзицијата.

„Таткото на Ковачевски бил и амбасадор на Македонија во Црна Гора исто така поставен од СДСМ. Ковачевски е човек на олигархијата, на едно мрачно време кое остави стотици илјади на улица и без пари. Ковачевски не е нов лик, тој е стар производ спакуван во ново пакување“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, новиот лидер на СДСМ ќе има за задача да го штити заевизмот и како што се посочува, фирмите на Вице и Трајче.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт