Утрински Весник
Спорт

Атлетико на второто место во Шпанија по победата кај Кадиз

Атлетико на второто место во Шпанија по победата кај Кадиз

Атлетико Мадрид стигна до 1:4 победа на гостувањето кај Кадиз за да скокне на второто место во шпанската Ла лига, со само еден поен заостанување зад лутиот ривал Реал Мадрид, кој вечерва ја пречекува Севилја.

Актуелниот шпански шампион доминираше во играта, но му беше потребно до 56. минута да стигне до водство, кога Томас Лемар ја скрши одбраната на Кадиз. Антоан Гризман во 70. минута зголеми на 0:2, пред Анхел Кореа само што влезе во игра во 76. минута, даде гол за потврда на победата. Антони Лозано намали на 1:3 во 83. минута, а три минути подоцна Матеуш Куња да ги постави конечните 1:4

Атлетико сега има 29 поени на табелата со 14 одиграни мечеви, пред Реал Сосиедад на третото место со ист број на поени, но со 15 меча, додека Реал на врвот имаат 30 поени од 13 меча. Кадиз се пред зоната на испаѓање на 17. место со 12 поени, еден пред Елче и два пред Хетафе.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Атлетико на второто место во Шпанија по победата кај Кадиз <

Можете да прочитате

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска