Утрински Весник
Спорт

Барселона на холандски погон победи во Виљареал

Барселона на холандски погон победи во Виљареал

Барселона го победи Виљареал со 3.1, во последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига. Звучи неверојатно, но ова е прва гостинска победа сезонава, во шестиот меч, за Барселона во домашниот шампионат. Со овој триумф „Блауграна“ се доближи на само еден бод од шестопласираниот Бетис.

Херојот на Барселона е Мемфис Депај, кој во 88.минута ја искористи лошата реакција на Еступињан, го мина голманот Рули и низ нозете на левиот бек на Виљареал ја погоди мрежата.

Исклучително интересно беше првото полувреме, двата тима промашија неколку добри шанси и на одмор замина со 0:0.

На стартот од вториот дел, во 48.минута Де Јонг погоди за предност на Барселона. Израмни Чукуезе во 76.минута. По израмнувачкиот гол Виљареал тргнаа во офанзива, но не успеаја да направат пресврт.

Депај ги згасна нивните надежи, а конечниот резултат го постави Кутињо од пенал во 94.минута.



> Барселона на холандски погон победи во Виљареал <

Можете да прочитате

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто