Утрински Весник
Свет

Бајден на самитот покани 110 земји, но не и Кина и Русија – пристигна жестока реакција

Бајден на самитот покани 110 земји, но не и Кина и Русија – пристигна жестока реакција

Кинескиот и рускиот амбасадор во Вашингтон заеднички ја осудија одлуката на Соединетите држави да ги исклучат двете земји од виртуелниот самит за демократија што ќе го организира американскиот претседател, Џо Бајден во декември.

„Соединетите држави си дозволуваат да дефинираат која земја е „демократска“ и која не ги исполнува условите за добивање на тој статус, што го сметаме за дел од менталитетот на Студената војна“, изјавија рускиот и кинескиот амбасадор Анатолиј Антонов и Чин Ганг.

„Ова повторно ќе ги разгори идеолошките конфликти и глобалните несогласувања и ќе го отвори патот за нови поделби“, предупредија дипломатите, повторувајќи ги критиките од официјален Пекинг и Москва во вторникот, веднаш штом беше објавен списокот од околу 110 земји поканети на самитот.

Кинеските и руските дипломати го пофалија системот во нивните земји, кои, како што наведоа, се засноваат на кинеската реалност, односно руските традиции.

„Нема потреба да се грижите кога станува збор за демократијата во Русија и Кина. Некои странски влади би било подобро да гледаат што се случува кај нив дома. Можеме ли воопшто да зборуваме за слобода во земја каде што демонстрантите се растеруваат со гумени куршуми и солзавци?” прашуваат амбасадорите.

И двајцата го повикуваат Западот да не се меша во внатрешните работи на другите земји под изговор за промовирање на демократските вредности,

На самитот САД го поканија и Тајван, што беше остро критикувано од официјален Пекинг.

Можете да прочитате

Дронови погодиле два грчки танкера во Црното Море

Специјалниот обвинител побара смртна казна за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад