Утрински Весник
Спорт

Ливерпул го победи Саутемптон, Астон Вила славеше кај Кристал Палас

Ливерпул го победи Саутемптон, Астон Вила славеше кај Кристал Палас

Три натпревари се одиграа во попладнево во Премиер лигата, во рамките на 13.коло. Победи забележаа Ливерпул и Астон Вила, без голови заврши натпреварот помеѓу Норич и Вулверхемптон.

Ливерпул во едно полувреме го декласира Саутемптон и се доближи на еден бод до лидерот Челси. Жота ги постигна првите два гола, во втората и 32.минута, пет минути подоцна погоди и Тијаго Алкантара. Конечниот резултат го постави Ван Дајк.



Стивен Џерард во вториот меч како менаџер на Астон Вила ја забекежа втората победа. Екипата на Џерард славеше во лондон кај Кристал Палас победа од 2:1.

Таргет го постигна првиот гол во 15.минута. Овој резултат беше важечки цели 70 минути кога вториот гол за Астон Вила го постигна Мекгин. На истекот на натпреварот, во 95.минута Гуехи го постави конечниот резултат.

> Ливерпул го победи Саутемптон, Астон Вила славеше кај Кристал Палас <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина