Утрински Весник
Свет

Омикрон варијантата на коронавирус пристигна во Германија

Омикрон варијантата на коронавирус пристигна во Германија

Државниот министер за социјални работи и интеграција во западногерманската покраина Хесен, Каи Клосе, денеска предупреди дека новиот сој омикрон многу е веројатно дека веќе пристигнал во Германија бидејќи мутации типични за оваа варијанта се откриени кај патник кој се враќал од Јужна Африка.

„Синоќа се откриени неколку типични мутации за овој вид, кај патник кој допатувал од Јужна Африка“, објави Клосе.

Патникот е изолиран дома. Доколку се потврди, ова ќе биде прв случај на омикрон во Германија.

Првиот случај на сојот омикрон во Европа беше потврден вчера во Белгија.

Можете да прочитате

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел

Џонсон: Воената операција против Иран ќе биде брзо завршена

Протест во Прага поради намалувањето на воените трошоци