Утрински Весник
Македонија

Преживеаните патници кои ќе пристигнат денеска ќе бидат хоспитализирани, уште тројца ќе допатуваат в понеделник

Преживеаните патници кои ќе пристигнат денеска ќе бидат хоспитализирани, уште тројца ќе допатуваат в понеделник

Во текот на денешниот ден се очекува од Бугарија да пристигнат двајца, од седумте преживеани пациенти од тешката автобуска несреќа што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Утринава разговарав со директорот на болницата и двајцата пациенти се испуштаат во добра здравствена состојба. Станува збор за 17-годишна девојка и за уште еден пациент, кои ќе бидат сместени на Клиниката за пластична хирургија“, рече Филипче.

Тој рече дека откако двајцата пациенти ќе пристигнат во Македонија, ќе се направи проценка колку долго ќе бидат хоспитализирани, пред да бидат пуштени на домашно лекување.

Воедно, ангажирани се и лекари од Клиниката за психијатрија, со цел психолошка поддршка на преживеаните од автобуската несреќа.

Се очекува уште тројца пациенти од оние кои ја преживеаја несреќата, во земјава да бидат транспортирани в понеделник.

Можете да прочитате

Во месец март констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Левица: ДПМНЕ го напумпа квадратот, шурува со урбанистичката мафија и собира проценти

Оставка од Ленче Ристоска: Политичките влијанија го разоруваат обвинителскиот систем