Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Муцунски: Со фотоволтаици во училиштата во Аеродром ја зголемуваме енергетската ефикасност

Муцунски: Со фотоволтаици во училиштата во Аеродром ја зголемуваме енергетската ефикасност
300x250 opst2

Од денеска почнуваме се поставување на фото-волтаици во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Според него, проектот ќе помогне за зголемена енергетска ефикасност.

„Имаме намера да продолжиме со реализација на овој проект, да ги опфати сите градинки во идниот период, но исто така и на други јавни објекти кои планираме да ги градиме на територија на општина Аеродром, а кои се од капитално значење.

Истовремено, би сакал да ви кажам дека претходната недела потпишавме договор со Европската унија, проект вреден над 800.000 евра во делот на селекција на отпад каде што очекуваме дека Аеродром ќе стане пионер во областа на селекција на отпад и тоа е секако поддржано од страна на Европската унија“, посочи градоначалникот на оваа скопска општина.

Можете да прочитате

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража

Бугарски медиум: ВМРО-ДПМНЕ се издржува со пари од Бугарија и сомнителни бизниси во Струмица