Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Да почекаме стотина дена за да ги видиме резултатите на Арсовска

Мицкоски: Да почекаме стотина дена за да ги видиме резултатите на Арсовска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја оправдува отсутноста од јавност на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој бара разбирање од новинарите и јавноста, поради краткиот период во кој таа е на функцијата.

„Не е 30 дена, туку две недели откако ја презема функцијата. Нормално е да се остави стотина дена за да се видат првите резултати и начинот на функционирање. Од она што го гледаме во Град Скопје, јавноста ќе се занимава од тоа што оставил претходникот. Се надевам дека медиумите ќе информираат непристрасно што оставил претходникот. Ќе бидеме достапни за јавноста“, рече Мицкоски.

Прашан за БРТ системот, тој смета дека не треба да се спроведе. Во однос на тоа како би се откажал, а парите би се пренамениле, со оглед дека ЕБОР засега не дозволува пренамена на средствата, Мицкоски кажа дека ќе има одговор и на тоа прашање. „Тоа техничко решение го очекувам со најниска оцена 1, а како професор, тој нема да добие пролазна оцена“, додаде тој.

Можете да прочитате

ВМР-ДПМНЕ: СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста

СДСМ: Кој друг од власта е вмешан во новиот корупциски скандал во земјоделието?

Полициските пресретнувачи на терен – „падна“ првата казна во Штип