Утрински Весник
Спорт

„Здрaво, јас сум новиот менаџер на Манчестер јунајтед“

„Здрaво, јас сум новиот менаџер на Манчестер јунајтед“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ерик Кантона, легендата на Манчестер јунајтед, се прогласи за тренер на „црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед, во неделата останаа без тренер кога челниците го отпуштија Оле Гунар Солскјер.

Додека не биде назначен новиот тренер, тимот го предводи асистентот на Солскјер, Мајкл Керик. Со него на клупата Јунајтед победија во Виљареал 2:0, во Лигата на шампионите.

Шпекулации кој ќе биде новиот менаџер има многу, а кантона нема трпение да чека.

„Здраво пријатели, сакам ексклузивно да в кажам дека јас сум новиот менаџер на Манчестер јунајтед. Подоцна ќе ги соопштам имињата на мојот стручен штаб. Се гледаме наскоро“.

Кантонаод 1992 до 1997 година го носеше црвениот дрес. За Манчестер јунајтед одиграл 143 натпревари, постигнал 64 голови.

> „Здрaво, јас сум новиот менаџер на Манчестер јунајтед“ <

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност