Утрински Весник
Свет

Експлозија во рудник во Сибир – Најмалку 11 загинати и 49 заробени во внатрешноста

Експлозија во рудник во Сибир – Најмалку 11 загинати и 49 заробени во внатрешноста

49 рудари останаа заробени под земја, за најмалку 11 загинаа по експлозија која се случила во рудник во Сибир.

Гувернерот на регионот Кемерово, Сергеј Цивиљев, рече дека „нема комуникација“ со оние кои останале под земја. Тој додаде дека 285 луѓе биле во рудникот кога се случила несреќата, а причината уште не е позната.

„Во тек е операција за спасување. Вкупно 237 луѓе извлечени се на површината и 45 од нив се повредени“, објави руското министерство за вонредни ситуации.

Пожарникари и спасувачи се на местото на несреќата.

Рудникот Листвјажнаја беше отворен во 2003 година.

Можете да прочитате

Средба Рубио – Лавров денеска во Њујорк, најави Стејт департментот

Потпишан договор за Гренланд: САД добиваат поголем пристап, слобода на движење и нови одбранбени зони

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа