Утрински Весник
Економија

„Самсунг“ во Тексас ќе гради фабрика за чипови од 17 милијарди долари

„Самсунг“ во Тексас ќе гради фабрика за чипови од 17 милијарди долари
Ss2

Компанијата „Самсунг“ планира во текот на наредните три години да изгради фабрика за полуспроводници вредна 17 милијарди долари во близина на Остин, Тексас, како дел од напорите да го зголеми производствениот капацитет и да го ублажи глобалниот недостиг на чипови.

Јужнокорејскиот технолошки гигант во вторникот најави изградба на фабрика со вкупна површина од пет милиони квадратни метри, со цел да го зголеми производството на најсовремените логички полуспроводници, кои се користат во телефони и компјутери, пренесува Си-ен-би-си.

Img 5587

Компанијата очекува градежните работи да почнат во првата половина на 2022 година и се надева дека фабриката ќе биде оперативна до втората половина на 2024 година.

Вкупната проектирана инвестиција од 17 милијарди долари ќе биде најголемата што „Самсунг“ досега ја има направено во САД. Оваа сума вклучува згради, машини и опрема.

„Самсунг“ почнал со работа во САД во 1978 година, а во земјата вработува повеќе од 20.000 луѓе. Со најновата инвестиција, вкупните инвестиции на „Самсунг“ во САД ќе надминат 47 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз