Утрински Весник
Спорт

Сколс: Со Солскјер требаше да замине и Керик

Сколс: Со Солскјер требаше да замине и Керик
Ss2

Отказот што му го врачи Манчестр јунајтед на Оле Гунар Солскјер и нивната потрага по нов менаџер и понатаму е тема во фудбалските кругови во Англија. Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, се огласи по победата на „црвените ѓаволи“ против Виљареал, во Лигата на шампионите. Јунајтед од клупата го предводеше Мајкл Керик.

Манчестер јунајтед, со головите на Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо, постигнати во финишот на натпреварот, го победи Виљареал и се пласира во осмина-финалето.

Img 5587

„Се е исто, и понатаму иститте играчи го водат тимот. Оле практично им ја предаде задачата на Керик и Мекена да го подготват тимот. Знаевме дека Оле треба да замине, но клупските челници требаа да имаат нов тренер“, рекол Сколс.

Потоа ја коментирал одлуката на Керик да остане на клупата на Јунајтед.

„По се она што му се случи на Оле, јас би се срамел да остана во клубот. Мислам дека со Оле треба да заминат сите од стручниот штаб. Тие го изневерика клубот исто колку што тоа го направи Оле“.

Наредниот натпревар Јунајтед ќе го одиграат во недела против Челси.

> Сколс: Со Солскјер требаше да замине и Керик <

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари