Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Мене ме избра народот а не ЕУ, и не ме интересира дали Западот ме смета за легитимен

Лукашенко: Мене ме избра народот а не ЕУ, и не ме интересира дали Западот ме смета за легитимен

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во интервју за Би-Би-Си изјави дека не го интересира дали западот го смета за легитимен претседател или не.

Тој рече дека е избран од народот на Белорусија, а не од ЕУ.

„Западот не ме признава четврт век, но тоа не ме засега. Важно ми е како мојот народ ме доживува“, објасни Лукашенко.

На прашањето како Ангела Меркел, германската канцеларка во заминување, му се обратила во неодамнешниот телефонски разговор, Лукашенко одговори: „Земете транскрипт од разговорот од Германците“, рече тој.

„Мислам дека Бајден е нелегитимен претседател. Видовте што се случи на изборите во САД. Гласаа по пошта, ставаа ливчиња во контејнери за ѓубре. Правеле чуда. Сето ова ви го кажувам за да разберете дека навистина не ми е гајле што мислат за мене во Англија, или Америка, или во ЕУ“, истакна Лукашенко.

Што се однесува до прашањето за бројот на политички затвореници во Белорусија, Лукашенко во интервјуто рече дека нема политички затвореници.

„Во кривичното право на Белорусија воопшто нема казни за политички затвореници. Во затвор се само оние кои го прекршиле законот организирајќи немири. А на Запад бројот на политички затвореници сега постојано расте“, рече Лукашенко.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови