Утрински Весник
Македонија

Османи: По идентификацијата на загинатите во несреќата, телата ќе бидат пренесени во државата

Османи: По идентификацијата на загинатите во несреќата, телата ќе бидат пренесени во државата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи упати сочувство кон семејствата на загинатите. Тој рече дека по завршување на идентификацијата на загинатите, ќе започне процес на транспорт на телата.

Османи додаде дека не се надоместува загубата ниту тагата, бидејќи 45 животи веќе не можат да се вратат.

Министерството за надворешни работи, според Османи, ќе работи на тоа да ги добие вистинските информации.

„Членовите на семејствата кои имаа потреба да патуваат во Софија, можеа непречено, без ковид протоколи. Имаше СОС број, а во текот на целиот ден беа контактирани сите семејства на загинатите, за да бидат информирани, но и семејствата на повредените и преживеаните. Денес имав шанса да ги прашам за нивните впечатоци за несреќата. Пратив и двајца дипломати во Софија, за да помогнат на граѓаните. Утре продолжуваме со активностите со нашите колеги од Софија. Правосудните институции се во директен контакт за завршување на процесот за идентификација преку ДНК анализа“, кажа Бујар Османи.

На крајот, тој изрази и сочувство до семејствата.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски