Утрински Весник
Македонија

Спасовски: На петти октомври била последната проверка за техничка исправност на автобусот

Спасовски: На петти октомври била последната  проверка за техничка исправност на автобусот

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека последната проверка за техничката исправност на автобусот била на 5 октомври 2021 година односно пред месец дена.

За сите отворени прашања, Спасовски посочи дека истрагата ќе ги даде одговорите.

Тој изрази благодарност до Бугарија и посочи дека посакува брзо закрепнување на повредените.

„Сакам да порачам како човек и член на Владата дека остануваме заедно со семејствата, а институциите се тука за помош и поддршка. Организацијата и трошоците на жртвите во несреќата во државава, ќе бидат на трошок на државата. Тим на МВР од сообраќајната полиција, Одделот за криминалистичко-технички вештачења тргна за Бугарија за да биде помош на бугарските колеги. Во Бугарија пристигнаа и претставници на стручни служби која ја понудија експертската помош. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и верувам дека со заедничка соработка, брзо ќе имаме одговор на сите нејаснотии за оваа трагедија. Согласно тој одговор ќе имаме ефикасност во утврдување на одговорноста“, кажа Спасовски.

Можете да прочитате

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза

Костадинов: Нов парк во Струмица од 43.000 м2

Левица:ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС​​​