Утрински Весник
Свет

Сопругот на Меркел за ниското ниво на вакцинација: „Германците се мрзливи и самозадоволни“

Сопругот на Меркел за ниското ниво на вакцинација: „Германците се мрзливи и самозадоволни“

Јоаким Зауер, сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел, ниското ниво на вакцинација против коронавирусот во Германија го препиша на мрзеливоста и самозадоволството на Германците, истакнувајќи дека јавното отфрлање на науката никогаш не било толку видливо во таа земја.

До 2017 година, кога се пензионираше, Зауер беше универзитетски професор по квантна хемија во Берлин.

„Чудно е што третина од населението не ги следи научните докази. Ова е делумно резултат на германската мрзеливост и самозадоволство, а другата група се луѓе кои идеолошки реагираат на она што тие го сметаат за диктатура од вакцината“, рече Зауер.

Тој оцени дека науката е важна и дека би било добро повеќе млади луѓе да и се посветат.

Околу 68 отсто од населението во Германија примиле две дози од вакцината против коронавирусот, пишуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови