Утрински Весник
Магазин

Кевив Спејси ќе мора да плати милионска оштета поради недолично однесување на сет

Кевив Спејси ќе мора да плати милионска оштета поради недолично однесување на сет

Кевин Спејси и неговите продукциски куќи мора да му платат на студиото што ја направи серијата „Куќа од карти“ повеќе од 30 милиони долари поради загубите предизвикани од неговото отпуштање што слеа по наводите за сексуално вознемирување и недолично однесување, според арбитражната одлука донесена во понеделникот.

Во документот поднесен во судот во Лос Анџелес, а со кој се бара одобрување на пресудата, наведено е дека арбитрите откриле дека Спејси го прекршил договорот за професионално однесување. Имено, тој недолично се однесувал кон неколку членови на екипата во секоја од петте сезони на „Куќа од карти“, во кои тој глумеше и беше извршен продуцент.

MRC, студиото зад House of Cards, мораше да го отпушти Спејси, да ја запре продукцијата на шестата сезона на серијата, да ја преработи за да го отстрани централниот лик на Спејси и да ја скрати од 13 на осум епизоди за да ги исполни роковите, што резултираше со десетици милиони загуби,“ се наведува во документот.

„Безбедноста на нашите вработени, сетовите и работната средина е од огромно значење за MRC и причина да се залагаме за одговорност“, се вели во соопштението на студиото „МРЦ“.

Aдвокатите на студиото поднесоа судска претставка за потврда на обештетувањето, како резултат на обвинувањата изнесени против него.

Спејси (62) се соочи со неколку обвинувања за сексуален напад од 2017 година. Тој ги негираше ваквите наводи.

Актерот ја загуби својата главна улога како политичар во „Куќа од карти“ откако беше обвинет за создавање токсична работна средина на сетот со наводни груби коментари и допирање млади вработени без нивна согласност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста