Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Прв состанок на координативното тело на градоначалниците под Град Скопје

Прв состанок на координативното тело на градоначалниците под Град Скопје
300x250 opst2

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на побрза реакција на барањата на граѓаните и акција за чистењето на депониите беа темите на кои разговараа десетте градоначалници на скопските општини со градоначалничката на град Скопје.

„Денеска, првпат по долг период, заседаваше координативното тело на градоначалниците под Град Скопје, што изминатиот период беше изоставено како пракса од страна на претходниот градоначалник. Координативното тело ќе се свикува во согласност со законот најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќепати, со главна цел изнаоѓање конкретни решенија за проблемите што граѓаните ги сметаат за приоритетни“, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

До следната седница ќе се изготви и акциски план со конкретни рокови и ќе се почне со нивна реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Во меѓувреме, ќе се направи план за отворање расправа за Генералниот урбанистички план и ставање на функција на зелениот совет на Град Скопје.

„Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзо решавање на проблемите, некои од нив се поврзани меѓу општините, затоа неопходни се координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија“, додаде Арсовска.

Координативното тело на градоначалниците под Град Скопје, во согласност со законот, дејствува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под Град Скопје и ќе се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа сите 10 градоначалници на општините под надлежност на Град Скопје, и тоа Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Чаир, Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Кисела Вода, Аеродром и Центар.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес

Родителите на загинатите од Кочани не можат да поверуваат дека судењето би траело до 15 години