Утрински Весник
Свет
Img 7972

Германскиот министер предупреди: До крајот на зимата сите во Германија ќе бидат вакцинирани, оздравени или починати

Германскиот министер предупреди: До крајот на зимата сите во Германија ќе бидат вакцинирани, оздравени или починати
300x250 opst2

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска предупреди дека големиот и брз пораст на новозаразени укажува на тоа дека најверојатно сите оние кои се уште не се вакцинирани ќе се заразат до крајот на зимата, а дел од нив ќе умрат.

Официјалните податоци за иминатите 24 часа во Германија покажуваат повеќе од 30.000 новопотврдени случаи, што е зголемување за околу 50% во однос на бројката пред една недела, пренесува АП.

Германските болници предупредуваат дека снемуваат капацитети на интензивна нега поради што дел од пациентите мораат да бидат префрлени во други подалечни клиники.

Министерот за здравство Шпан ги повика Германците да се вакцинираат, вклучувајќи ја и третата доза на вакцина, доколку од вакцинацијата со првите две дози поминало повеќе од шест месеци.

“До крајот на оваа зима скоро сите во Германија ќе бидат вакцинирани, оздравени или починати”, изјави Шпан за Берлинските медиуми.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД