Утрински Весник
Свет

Путин сака да учествува во тестирање на вакцина што се прима преку нос

Путин сака да учествува во тестирање на вакцина што се прима преку нос

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека сака да учествува во тестирањето на назална вакцина против коронавирусот, која ја развива рускиот центар „Гамалеја“.

„Можам ли да учествувам во овој експеримент?“, го праша Путин заменик директорот, Денис Логунов, откако тој го информираше за работата на Центарот, пренесе „Тасс“.

„Се разбира“, рече Логунов, додавајќи дека претседателот ќе треба да потпише писмена согласност.

„Ќе потпишам. Во ред. Ќе потпишам, без грешка. Можеме тоа да го направиме денес“, рече Путин.

Рускиот претседател претходно изјави дека се ревакцинирал против коронавирусот со вакцината „спутник лајт“.

„Денеска по ваша препорака и препорака од вашите колеги примив уште една вакцина – ‘спутник лајт’“, рече Путин на средбата со Логунов.

Путин изјавил дека се чувствува добро по вакцинацијата, пренесоа руските агенции.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија