Утрински Весник
Економија

Во шопинг па под клуч-купувањето пред карантинот во Австрија донесе 15 проценти поголем промет

Во шопинг па под клуч-купувањето пред карантинот во Австрија донесе 15 проценти поголем промет

Последниот работен ден пред заклучувањето во Австрија, на трговијата и донесе зголемен промет од 15 отсто во просек, анализираат упатените.

Фреквенцијата на клиенти беше зголемена за околу 10 отсто во однос на истиот ден во 2019 година, соопшти Здружението на трговци на Австрија.

Зголемениот број на клиенти беше забележлив во сите продавници, но тој беше поголем на запад отколку на исток од Австрија.

На западот од земјата на повеќе места се чекаа редици пред продавниците.

Во Виена, протестите против ковид-мерките го погодија бизнисот во центарот на градот и на познатата шопинг улица „Маријахилферштрасе“.

„Последниот ден од работењето на продавниците пред заклучувањето беше добар за многумина. Но, тој никако не може да ги надомести загубите во периодот на заклучување“, истакна претседателот на Здружението, Рајнер Вил.

Што се однесува до месец ноември, бизнисот на трговците во Австрија, поради карантинот за невакцинираните, веќе е намален за 25 проценти.

Можете да прочитате

Филипче: Додека цените растат, Мицкоски слави 50 години ЕПП на трошок на граѓаните

Синдикалната кошничка во март изнесува 67.818 денари

ДУИ: Пад од дури 9,4% на индустриското производство