Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени, од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово

Тројца повредени, од кои еден потешко, во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера во 13.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, во атар на с.Семениште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.И.(44) од с.Глумово, скопско и патничко возило „смарт“, управувано од О.А.(23) од с.Буковиќ, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, сопатникот во возилото „ауди“, М.И.(77) од с.Глумово, се здобил со тешки телесни повреди, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“

Пожар на повеќе локации на Скопска Црна Гора

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром