Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Талибанците во Авганистан почнаа да им даваат плати на државните службеници

Талибанците во Авганистан почнаа да им даваат плати на државните службеници
300x250 opst2

Талибанските власти во Авганистан соопштија дека ќе продолжат да им исплаќаат плати на државните службеници кои останаа без плата од минатото лето кога Талибанците ја презедоа власта.

„Денеска почнуваме со исплатата на платите на вработените во државните служби“, соопштуваат од Министерството за финансии и додаваат дека вработените ќе добијат три плати назад од средината на август.

Но, вработените нема да можат веднаш да ги подигнат платите. Во Авганистан има ограничување од 200 до 400 долари, колку пари може да се подигнат неделно поради недостаток на готовина во банките.

„Банкарскиот систем не е парализиран, само треба време за се повторно да функционира нормално“, велат од Министерството.

Вашингтон замрзна речиси 9,5 милијарди долари средства од Централната банка на Авганистан, додека меѓународната помош, која финансираше 75% од буџетот на авганистанската влада, престана, пишува во новинарските анализи.

Талибанците ја повикаа меѓународната заедница да продолжи со финансиската помош за да се избегне глад.

Според ОН, Авганистан е на работ на сериозна хуманитарна криза, бидејќи се предвидува дека повеќе од половина од населението нема да има доволно храна во текот на зимата.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус