Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заминувањето на Заев не значи и крај на заевизмот, потребни се избори

ВМРО-ДПМНЕ: Заминувањето на Заев не значи и крај на заевизмот, потребни се избори

Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, рече Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира најавата на Зоран Заев дека во вторник ќе си поднесе оставка.

„Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата“, рече Митева.

Според неа, единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.

„Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската унија“, кажа Митева.

Оттука, додаде портпаролката, Зоран Заев не може да ги постигне резултатите.

„Затоа избрите се решение“, рече Митева.

Можете да прочитате

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Западнонилската треска однесе уште еден живот во Македонија – бројот на починати се искачи на 12