Утрински Весник
Свет

Австријците го користат викендот за купување пред целосното заклучување в понеделник

Австријците го користат викендот за купување пред целосното заклучување в понеделник
Dik 300x250 mk

Два дена пред целосното заклучување во Австрија, улиците и продавниците во Виена се преполни со граѓани кои сакаат да ги искористат последните моменти за да купат работи што нема да можат да ги набават во следните 20 дена.

Од понеделник до 13 декември сите продавници, освен маркетите, аптеките и бензинските пумпи, ќе мора да ги затворат вратите.

Во сабота во речиси сите продавници во Виена може да се забележи гужва, пренесуваат тамошните медиуми.

Како и пред претходните три заклучувања, така и овојпат жителите на австриската престолнина полнат корпи во продавниците за храна, поради страв дека може да има недостиг од некои производи.

Центарот на Виена поради убавото време е полн со локални жители и туристи.

Последните два дена ги користат слободно да шетаат, да ги посетат божиќните пазари, кои ќе мора да ги затворат вратите, по само неколку дена работа.

Бидејќи е на сила заклучување за невакцинираните, полицијата врши контрола на документите 2Г – потврда за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, на местата со поголема фреквенција.

Виена од денеска напладне очекува големи демонстрации на противниците на ковид-мерките и вакцинацијата.

Според проценките на полицијата, ќе има повеќе од 10.000 луѓе, а некои медиуми шпекулираат дека ќе има дури 50.000 демонстранти.

Во секој случај, полицијата е подготвена и најави дека на улиците во градот ќе бидат распоредени повеќе од 1.300 нејзини припадници.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил