Утрински Весник
Свет

„Наместо да се крчкаат, слободно ќе си растат“ – Бајден помилува две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста

„Наместо да се крчкаат, слободно ќе си растат“ – Бајден помилува две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа помилува две огромни бели мисирки од Индијана по име Путер од кикирики (Peanut Butter) и Желе (Jelly) во Белата куќа, со тоа продолжувајќи ја традицијата за Денот на благодарноста која датира со децении.

„Наместо да се крчкаат, овие две мисирки ќе продолжат да си клукаат и да растат“, рече Бајден.

„Важно е да продолжиме со таквите традиции, да се потсетиме дека од темнината има светлина и надеж за напредок, а тоа според мене го претставува годинашниот Ден на благодарноста“, посочи претседателот.

Пред да зборува Бајден, мисирките слободно шетаа по тревникот, додека мирис на топла пита од јаболка се ширел низ воздухот.

Бенд свирел песни поврзани со птици, вклучувајќи ги „Free Bird“ и „Birdland“ за вработените во Белата куќа и нивните деца.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина