Утрински Весник
Спорт

Тејтум ги надигра Леброн и Дејвис – Селтикс славеа против ЛА Лејкерс

Тејтум ги надигра Леброн и Дејвис – Селтикс славеа против ЛА Лејкерс
Dik 300x250 mk

Изминатата ноќ во НБА лигата го донесе дуелот на двете најтрофејни франшизи. Бостон Селтикс убедливо славеа над ЛА Лејкерс, во чии редови се врати Леброн Џејмс, со 130:108.

Бостон Селтикс се вратија од двоцифрениот минус и на крајот убедливо триумфрираа. Лејкерси немаа решение за Џејсон Тејтум кој постигна 37 поени и забележа 11 скока. Голема помош Тејтум доби од тројца свои соиграчи: Маркус Смарт (22 поени, 8 скока, 6 асистенции), Денис Шрудер (21 поен, 6 скока, 6 асистенции) и Ал Хорфорд (18 поени).

Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 31 поен и шест скока. Леброн Џејмс по две неделната пауза се врати во тимот, одигра добра меч, за 32 минути постигна 23 поени.

Бостон со скор 8/8 се деветти на Истокот, на Западот, Лејкерси се на истата позиција со еден пораз повеќе.



> Тејтум ги надигра Леброн и Дејвис – Селтикс славеа против ЛА Лејкерс <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане