Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев – Дуда: Почеток на преговорите со ЕУ за да се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен

(Видео) Заев – Дуда: Почеток на преговорите со ЕУ за да се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска беше домаќин на работен ручек организиран во чест на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, кој е во официјална посета на Северна Македонија.

Заев изрази благодарност до претседателот Дуда за охрабрувачките пораки што тој ги испраќа во однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и за севкупната помош што Полска ја обезбеди во неколку наврати за македонското здравство, вклучително и најновата донација од 200.070 дози вакцини на „Фајзер“.

„Европа е нашата ѕвезда водилка, мотиватор за нашиот развој во текот на децении и векови и веруваме дека ЕУ нема да дозволи нашата надеж да згасне“, изјави премиерот Заев на средбата со претседателот Дуда.

Во тој контекст заеднички беше констатирано дека проширувањето на Европската Унија мора да продолжи, изразено преку почеток на преговорите на Северна Македонија бидејќи со тоа ќе се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен, особено за земјите како Северна Македонија, кои ги спроведуваат сите потребни реформи.

По брегзитот, проширувањето на Европската Унија е особено важно за да се обезбедат нов ентузијазам, нови можности, нов развој и нов економски пазар, се согласија Заев и Дуда.

На средбата беше истакната блискоста меѓу полскиот и македонскиот народ и меѓу сите граѓани на двете земји, а премиерот Заев и претседателот Дуда потенцираа дека постојат одлични услови за натамошен развој на соработката меѓу Северна Македонија и Полска, особено во сферата на економијата и туризмот.

Можете да прочитате

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!