Утрински Весник
Македонија

Дуда: Лично ќе се заложам да се реши прашањето ако Софија повторно каже „не“

Дуда: Лично ќе се заложам да се реши прашањето ако Софија повторно каже „не“
Dik 300x250 mk

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, на прес-конференцијата во рамки на денешната посета, изрази надеж дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Но, доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно повторно каже „не“, Дуда кажа дека лично ќе истапи и ќе се заложи за изготвување на документ за полесен пристап на Северна Македонија кон ЕУ.

„Бугарија е сè уште во изборен процес и сè уште новата влада таму не е формирана. Се надевам дека новата влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција и став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже ‘не’ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на вашата држава полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ“, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес конференција со неговиот домаќин, Стево Пендаровски.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово