Утрински Весник
Македонија

71-годишен маж со своето „бе-ем-ве“ удрил пешак во Прилеп

71-годишен маж со своето „бе-ем-ве“ удрил пешак во Прилеп

Вчера во 13:00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на 16.11.2021 во 16:45 часот на пешачки премин на бул. Гоце Делчев во Прилеп, патничко возило „бе-ем-ве“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(71) од Прилеп, удрило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп.

Во несреќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Можете да прочитате

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден

Демографијата го зема данокот: Се затвараат четири подрачни училишта во Делчево