Утрински Весник
Македонија

Во возило на скопјанец пронајдени мигранти од Куба

Во возило на скопјанец пронајдени мигранти од Куба

Синоќа во 21.10 часот на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје.

При контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба – Д.Х.А.А.(31), М.Р.Ј.А.(25) и И.Ц.В.А.(27).

Лицата биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден

Демографијата го зема данокот: Се затвараат четири подрачни училишта во Делчево