Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Роџерс: Покажувате непочитување кон Солскјер, добар тренер и добар човек

Роџерс: Покажувате непочитување кон Солскјер, добар тренер и добар човек
300x250 opst2

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, јавно се дистанцира од позицијата во Манчестер јунајтед велејќи дека шпекулациите во медиумите го дестабилизираат неговиот тим, покажуваат големо непочитување кон Оле Гунар Солскјер и на крајот не се вистинити.

По слабите резултати на Солскјер, шпекулациите велеа дека Роџерс, покрај Маврисио Покетино и Зинедин Зидан, е во потесен избор за негова замена, но менаџерот од Северна Ирска вели дека се фокусира само на следниот меч, саботниот дуел со Челси.

„Две работи. Прво, навистина се покажува непочитување со ова прашање кога има менаџер на тоа место, и тоа добар менаџер и добар човек, кој работи за тимот. Второ, навистина не можам да коментирам нешто што не е вистинито. Јас сум тука како менаџер на Лестер сити, горд сум на тоа и имам привилегија да им бидам посветен на играчите, клубот и на навивачите. Тоа е тоа, другото не можам да го контролирам“, вели Роџерс.

> Роџерс: Покажувате непочитување кон Солскјер, добар тренер и добар човек <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг