Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола заради неспособноста на Заев загуби 70 милиони евра

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола заради неспособноста на Заев загуби 70 милиони евра

РЕК Битола работи на минимум, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Вчера, вели тој, работеше само еден блок и тоа со 20% од капацитетот.

„Наместо енергетска стабилност, наместо развој кон тоа РЕК Битола да биде извор за затоплување на вториот по големина град во Македонија, Битола, РЕК Битола е пред колапс. И не е само до немањето на јаглен. Јаглен нема затоа што не се копаше и не се набави на време. РЕК Битола е слика за водењето на Македонија од СДСМ. Во моментов Блок 3 е надвор од погон. Неговото санирање може да трае и цела година. Санацијата на цевките на котелот на Блок 1 не знаеме во која фаза се. Работи само Блок 2. Јаглен на депонијата нема, увозот на знаеме до каде е. Ете тоа е состојбата во којашто СДСМ го доведе најголемиот производен капацитет РЕК Битола“, кажа Стоилковски.

До сега, нагласува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ биле потрошени над 11 милиони евра за увоз на струја, плус 15 милиони за плаќање на украдената струја од европската мрежа.

„На 26-те милиони евра, се планираат 65 милиони за дополнителни трошења. Вкупно ова се ќе чини 90 милиони евра. Доколку се копаше јаглен сето ќе завршеше за помалку од 20 милиони евра. Да сумирам неспособноста и лакомоста на СДСМ чинат 70 милиони евра. Раководството на „ЕЛЕМ“ е целосно неспособно и нестручно и воопшто не се грижи за правилното одржување на целата постројка. Македонија е длабоко навлезена во енергетска криза“, забележува тој.

„Се фалеа со профит на ЕЛЕМ, а денес гледаме дека ЕЛЕМ е еден од најголемите загубари во Македонија. Финасиската инјекција од владата се пари на граѓаните за да уште малку се преживее до утре, задутре, можеби само три дена“, додава Стоилковски.

Вели дека се потребни итни неодложни оставки на сиот раководен тим на РЕК Битола и МЕПСО, и наместо Васко Ковачевски и тајфата од СДСМ, како што напомена, да дојдат способни луѓе, за спас на тоа што е останато од РЕК Битола и ЕЛЕМ.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата