Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски промашените проекти од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ да не ги припишува на Владата

СДСМ: Мицкоски промашените проекти од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ да не ги припишува на Владата

Христијан Мицкоски најдобро е да не драматизира и промашените проекти од нивното владеење да ги препишува како неуспех на оваа Влада, реагираат од СДСМ.

„Очигледно Мицкоски не ги познава добро институциите, нека го праша својот ментор Никола Груевски која е разликата помеѓу Европската банка и Банката на Советот на Европа. Мицкоски исто нека го праша неговиот ментор Груевски, зошто во негово време се потпишани два катастрофални догвори? Еден за изградба на Клинички центар со компанија од Италија пред стечај, кој оваа Влада го раскина, а другиот за КБ Штип, веќе започнат со нецелосен проект, каде недостасуваа цели сегменти на електрика и механизација“, се нагласува во соопштението од владејачката СДСМ.

Потсетуваат дека банката во неколку наврати одобрувала ревизја на проектот но изградбата запрела поради несогласувањето во рамките на изведувачот и подизведувачот во времето на Никола Груевски.

Затоа, велат од СДСМ, после целосно средување на проектот продолжуваме со нов финансиски извор.

„Поради таквите проекти кои ни ги остави ВМРО ДПМНЕ сега се повлекуваат и инвеститорите. Несоодветни проекти и изведби се печат на ВМРО ДПМНЕ“, се подвлекува во соопштението од оваа партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт