Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

ССК: Итно да се превземат чекори за справување со енергетската криза

ССК: Итно да се превземат чекори за справување со енергетската криза
Img 7972

Итно да се превземат чекори за справување со енергетската криза, порачаа од Сојузот на стопанските комори. Од Сојузот се децидни дека  стопанството две години се соочува со многубројните предизвици кои произлегоа од здравствено-економската криза, а кои бараат голема ангажираност за одржување на деловната активност на претпријатијата. На овие околности се надоврзува енергетска криза, проследена со пораст на цените на енергенсите, општ пораст на цените и висока стапка на инфлацијата.

„Енергетската криза е нов предизвик за претпријатијата, бидејќи ја нарушува нивната ликвидност, профитабилност и ја намалува нивната конкурентност. Во услови кога со години нема сериозни инвестиции во енергетскиот сектор кои ќе ја обезбедат неговата стабилност неопходно е надлежните институции да ги превземат сите мерки со цел успешно справување со состојбите од енергетската криза. Последиците кои ги чувствуваат претпријатијата од економската криза се силно изразени, а владата треба преку брзи и ефективни мерки да обезбеди итна поддршка за домаќинствата и претпријатијата, како и таргетирани даночни олеснувања. Преку координирана акција и пакет мерки ќе се ублажи непосредното негативно влијание од зголемувањето на цените и дополнително ќе се зголеми отпорноста од идните ценовни шокови“, велат од ССК.

Сојузот порача дека во оваа насока, потребна е интервенција кај акцизите, ДДВ и дополнителните надоместоци кои дополнително ја зголемуваат цената на горивата, а кои претставуваат околу 46 отсто од малопродажната цена се давачки кон државата (согласно композицијаата на цената на горивата објавена ва одлуките на РКЕ). Со ова, како што велат од ССК, ќе се неутрализира негативното влијание што го имаат зголемените цени на горивата врз целокупното поскапување, особено бидејќи предизвикува проблеми со ликвидноста на компаниите и граѓаните и ја намалува општата куповна моќ, негативно влијаејќи и на агрегатната потрошувачка.

Сојузот на стопанските комори смета дека недостигот од електрична енергија може да се намали со системски мерки и поттикнување инвестиции во енергетскиот сектор.

„Нашата земја има природни ресурси, сончевата енергија кои може да се стави во функција на дополнително обезбедување електрична енергија. За таа цел треба да се олеснат процедурите за добивање на дозволи за соларни панели кои се поставуваат на покривите на индустриските објекти како и за соларни електрани. Проектитe од ваков тип треба да имаат поедноставени постапки, да бидат поддржани со цел компаниите да бидат мотивирани да превземат ваков тип на инвестиции. Во сегашната состојба дестимулативно е што нема сеопфатна директна поддршка за енергетски ефикасни технологии, а често компаниите што инвестираат во обновливи извори на енергија се елиминирани од финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестициите, бидејќи се принудени да поседуваат лиценци за секоја соларна електрана, а секоја компанија која поседува лиценца не може да користи финансиска поддршка согласно Законот. Во таа насока потребна е измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел да бидат опфатени и инвестициите во обновливи извори на енергија“, велат од ССК.

На овој начин, како што додаваат, недостигот на електрична енергија ќе се намали, ќе се намалат производните трошоци на претпријатијата и ќе креираат дополнителни работни места. Долгорочно треба да се нагласи и големото значење за обезбедување на економски суверенитет на земјата кој вклучува постигнување одржливост од аспект на оптимално производство на храна и енергија, како и од аспект на користењето на природните ресурси.

Можете да прочитате

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Пад на индустриското производство, намален и бројот на вработени во индустријата

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството