Утрински Весник
Спорт

Милан му понуди нов договор на Ибрахимовиќ

Милан му понуди нов договор на Ибрахимовиќ

Шест месеци пред истекот на договорот, фудбалскиот клуб Милан ќе му понуди нова соработка на Златан Ибрахимовиќ. „Газета дело Спорт“, тврди дека 40-годишниот напаѓач ќе ја прифати понудата.

Според овој извор, клубот ќе ги започне преговорите по завршувањето на зимскиот преоден рок. Ветеранот, годишно заработува седум милиони евра. Тој ја предводи листата на најплатените играчи на Милан.

Нема информации колкава плата ќе му понуди Милан на Ибрахимовиќ.

Пред да г започнат преговорите со Ибрахимовиќ, челниците на ќе се насочат на продолжувањето на договорите со тројца фудбалери: Тео Ернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.

> Милан му понуди нов договор на Ибрахимовиќ <

Можете да прочитате

Бразил против Јапонија, БиХ против САД, познати уште три пара во нокаут фазата на Мундијалот

Историски успех: Лина Ѓорчевска се пласира во главната фаза на Вимблдон

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија