Утрински Весник
Економија

Тутунарите од утре ќе добијат дополнителни субвенции

Тутунарите од утре ќе добијат дополнителни субвенции

Од утре, 19.060 тутунари на своите сметки ќе ги добиваат дополнителните пари за откупениот тутун со што вкупната поддршка за тутунопроизводството достигна 2 милијарди денари.

Владата преку Генералниот секретаријат ја започна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 и на сметките на производителите на тутун веќе од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини.

Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари.

Можете да прочитате

Треновски: Најголемиот трошок за една фирма е конкурентот што не плаќа данок – до една третина од економијата е во сивата зона

Треновски: Додека светот размислува за четиридневна работна недела, Македонија дебатира за кратење на празниците

Николоски: За прв пат се градат шест автопати истовремено