Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Верувам дека земјите членки на ЕУ овој пат ќе ја вразумат Бугарија

Мицкоски: Верувам дека земјите членки на ЕУ овој пат ќе ја вразумат Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека големо ќе биде разочарувањето кај народот ако и во декември нема датум, но тој е оптимист и верува дека ЕУ ќе се спротивстави на, како што рече, бугарските хегемонистички барања.

„Јас сум оптимист за декември и сакам да се случи датумот, овој народ го заслужува тој почеток на преговори. Не е прашање дали Димитров ќе ги брои неделите или месеците кога ќе се случи тој датум, во Брисел треба се состане Европскиот совет, да заборави на уцените кои доаѓаат од нашиот источен сосед и иднината која што треба заеднички да ја градиме во Европа да ја градиме, а не да се враќаме два века наназад“, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека бугарските барања не се европски вредности и верува дека сите земји членки на ЕУ овој пат ќе ја вразумат Бугарија и ќе ги промовираат, како што кажа, вистинските европски вредности.

„Тоа се вредности на обединета и подеднакво развиена Европа. Ќе застанат на патот на овие хегемонистички барања на нашиот источен сосед и на овој народ во срцето на Балканот ќе му дадат можност да преговара и да може еден ден да седне на иста маса со нив и да ги дели тие исти вредности. Тоа што ние го бараме е да ни се почитува правото да можеме да преговараме и да бидеме дел од Унијата затоа што ги споделуваме вредностите“, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура

Лазим Дестани: Во спортот нема простор за говор на омраза

„BioCosmos”: Фабриката „Мирана” не е зафатена, пожарот настанал од гром