Утрински Весник
Македонија

Во Дебарско пронајдена марихуана во вредност од над половина милион евра

Во Дебарско пронајдена марихуана во вредност од над половина милион евра

Синоќа околу еден часот по полноќ на местото Банишко поле, во близина на границата со Албанија, во атарот на дебарското село Аме, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Блато“ , регионален центар Запад, пронашле 10 поголеми најлонски пакувања со марихуана.

Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

Уапсени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, двајца со активна забрана

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители