Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Австриската влада размислува за задолжителна вакцинација за сите граѓани

Австриската влада размислува за задолжителна вакцинација за сите граѓани
Img 7972

Австриската влада ја разгледува можноста за воведување задолжителна вакцинација за сите граѓани.

Министерката за правда Алма Задиќ денеска по владината седница потврди дека се разгледува таква можност. Таа рече дека во моментов законски се анализира прашањето за воведување задолжителна вакцинација, не само за сите вработени во здравството, туку за сите граѓани, пренесуваат медиумите во регионот.

„Сето тоа го проверуваме. Министерот за здравство разговара со странки и експерти по уставно право“, објасни Задиќ.

И министерката за туризам Елизабет Кестингер потврди дека се размислува за воведување на обврската за вакцинација.

Таа, како што пишуваат агенциите посочила дека постои една опозициска партија, мислејќи притоа на Партијата на слободата (ФПО), за која како што рекла, значително делува против вакцинацијата, шири лажни вести и поради која граѓаните се несигурни.

Инаку, австриската влада има намера во петок да ја анализира моменталната епидемиолошка состојба. Потоа се планира следната средба со гувернерите на провинциите на која ќе се разговара за состојбата, но и потребата од дополнителни епидемиолошки мерки.

Имено, министерот Микштајн најави дека следната мерка би можела да биде ноќно „заклучување“ за сите граѓани, но досега канцеларот Александар Шаленберг одби, велејќи дека не сака никакво заклучување на вакцинираните, бидејќи тоа ќе ги обесхрабри тие што треба да се вакцинираат.

Карантинот во Австрија започна од понеделникот за сите постари од 12 години кои не се целосно вакцинирани против Ковид-19.

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха