Утрински Весник
Свет

Белорусија ја обвини Полска дека користи отровни хемикалии против мигрантите

Белорусија ја обвини Полска дека користи отровни хемикалии против мигрантите

Белоруските власти упатија сериозни обвинувања кон Полска, наведувајќи дека користела токсични хемикалии на белоруско-полската граница против мигрантите.

Игор Малук, шеф на единицата за заштита од радијација, хемиски напад и биолошка заштита на белоруската армија, директно ги обвини Полјаците за употреба на недозволени средства.

„ Денес видовме како полските безбедносни служби користат специјални средства кои содржеа иритирачки супстанци против мигрантите, меѓу кои имаше жени и деца, на полско-белоруската граница“, рече Малик.

Тој додаде дека употребата на овие средства може да има несогледливи последици по здравјето на луѓето, особено врз видот и дишните органи.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори