Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за 1216 вработувања во реалниот сектор

Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за 1216 вработувања во реалниот сектор
300x250 opst2

Владата на денешната седница го разгледа и прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Со ревидираниот Оперативен план обезбедени се дополнителни средства за активни програми и мерки за вработување со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 284.960.000 денари за да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории како што е предвидено со Акциски план за реализација на препораките од заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог од јули 2021 година.

Од вкупно предвидените средства за оваа намена 36.900.000 денари се наменети за Програмата 1, односно за поддршка за самовработување (претприемништво) за дополнителни 115 самовработувања; 153.750.000 денари за мерката за субвенционирање на плати за 674 дополнителни невработени лица; за имплементација на нова пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор во Источниот плански регион за 300 невработени лица во висина од 73.800.000 денари, како и 15.289.200 денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 дополнителни вработувања.

Со овие измени и дополнувања, со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година ќе се зголеми опфатот на корисниците на програмите за вработување за 1216 невработени лица.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата