Утрински Весник
Свет

Зеленски нуди по 38 долари за секој вакциниран

Зеленски нуди по 38 долари за секој вакциниран

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека сите Украинци што се вакцинирани против Ковид-19 ќе добијат по 1.000 гривни или околу 38 американски долари.

Украина има една од најниските стапки на вакцинација во Европа и се движи кон најлошиот бран на пандемијата бидејќи бројот на смртни случаи достигна негативен рекорд минатата недела кога 833 лица починаа во еден ден, пренесува „Ројтерс“.

Во претходните седум дена во Украина се евидентирани 320 новозаразени на 100.000 жители, а на дневно ниво во просек се регистрираат околу 20.000 заразени со вирусот, додава британската агенција.

Можете да прочитате

Одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната „не е позитивен“

Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански државјани

Гутереш: Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи