Утрински Весник
Спорт

Српските фудбалери милионот од претседателот го донираа за лечење на деца

Српските фудбалери милионот од претседателот го донираа за лечење на деца

Фудбалерите на Србија вчера направија неверојатна сензација со драматичната 2:1 победа над Португалија со голот на Александар Митровиќ за пласман на Мундијалот, а по мечот покажаа и големо срце.

Пред клучниот натпревар, за тимот на Драган Стојковиќ-Пикси српскиот претседател Александар Вучиќ вети премија од милион евра, и сега фудбалерите во договор со селекторот решија парите да ги донираат за лечење на болни деца.

Секоја чест!

> Српските фудбалери милионот од претседателот го донираа за лечење на деца <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата