Утрински Весник
Свет

Студија открива во кој дел од денот е најголема веројатноста за инфекција со коронавирус

Студија открива во кој дел од денот е најголема веројатноста за инфекција со коронавирус

Нова научна студија открива дека точноста на ПЦР-тестовите на Ковид-19 следи секојдневен образец.

Најголем број точни позитивни резултати се јавуваат кај тестовите направени околу пладне, а вечерните тестови го зголемуваат бројот на лажно позитивни резултати.

Студијата исто така сугерира дека пладнето е дел од денот кога и за симптоматските и за асимптоматските лица има најголема веројатност да го пренесат коронавирусот на други.

Научници од Универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил докажале дека веројатноста за точен позитивен резултат е двојно поголема доколку тестот се прави во средината на денот, а не навечер.

Вирусното оптоварување на поединецот станува пониско по 20 часа, што значи дека резултатот од тестот спроведен во тој период од денот е поверојатно да биде лажно позитивен.

Најголем број позитивни резултати имало во попладневните часови, околу 14 часот. Ова укажува дека во овој период од денот е најактивно ослободувањето на заразените честички во крвта и слузницата, таканаречена вирусна трансфузија.

Авторите на студијата анализирале податоци од 86.342 клинички испитувања спроведени во речиси 130 клиники во Америка во периодот меѓу март и август минатата година.

Можете да прочитате

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување