Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевска: Буџетот е за економско заздравување и раст

(Видео) Георгиевска: Буџетот е за економско заздравување и раст

Во собраниска процедура влегува граѓанскиот Буџет за наредната 2022 година. Со одговорно финансирање 2022 година очекуваме да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции, изјави пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

„ Фокусиран на интересот на народот, Буџетот за 2022 има четири основни цели: Зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.

Очекуваме конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот. Покрај Буџетот пред нас, пратениците претстои многу работа особено во донесувањето на законите кои со месеци па и години се блокирани од страна на опозицијата“ истакна таа.

Според неа, демократскиот блок, преку зголемено, стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ во периодот пред што следи, треба да ги донесе законите кои се во интерес на граѓаните и државата.

„ Минимална плата од 18.000 денари, недела неработен ден, отпис на каматите за долгови, Законот за служба во Армијата, како и законските измени кои обезбедуваат трајно вработување на 4.700 наставници во основните и средни училишта, се дел од законите кои опозицијата ги кочи а кои се важни за граѓаните.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, носење на овие закони, но и на други измени и дополнувања на законите кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата“ нагласи Георгиевска.

Таа особено ги посочи предизвиците пред како енергетска криза, пандемијата, продолжување на евро-атланскиот пат на државата.

„ Тоа е одговорност на секој пратеник кој добил доверба од граѓаните“ рече Георгиевска.

Можете да прочитате

Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2024 во фокусот на третиот јавен состанок на АВМУ

Народната банка со поддршка од ЕУ започна проект за модернизација и унапредување на статистиката и платните системи

Мицкоски: Платите во јули пораснаа за над 10,5% споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени за првпат по долго време