Утрински Весник
Свет

Антиваксери со пцовки и навреди кон гостите на филмскиот фестивал во Солун за почитување на ковид-мерките

Антиваксери со пцовки и навреди кон гостите на филмскиот фестивал во Солун за почитување на ковид-мерките

Стотици противници на вакцинацијата го попречија доделувањето на наградите на Филмскиот фестивал во Солун, навредувајќи ги учесниците на церемонијата за носење маски и почитување на другите мерки против коронавирусот.

По протестната прошетка низ Солун, околу 400 антиваксери синоќа отидоа во театарот, каде што се одржа доделување на наградите, со цел да ги пцујат и навредуваат гледачите и персоналот на фестивалот додека доаѓаа на свеченоста.

По интервенција на полицијата, антиваксерите си заминаа оставајќи зад себе бројни антивакцинални летоци.

Десетдневниот Меѓународен филмски фестивал во Солун беше доста посетен, а сите гледачи и персонал носеа маски и мораа да имаат или потврда за вакцинација или доказ дека прележале коронавирус во последните шест месеци.

Грција за еден ден се соочи со рекорден број новозаразени, а има се повеќе смртни случаи и респираторни заболувања, поради што здравствениот систем е преоптоварен по втор пат годинава.

Само во Грција оваа недела се регистрирани 44.970 нови инфекции и 471 смртен случај како последица од коронавирусот.

Околу 6,5 од 10,7 милиони луѓе во Грција се целосно вакцинирани, но сè уште има голем број скептици и негатори на коронавирусот, а многумина веруваат во теории на заговор за вакцините.

Демонстрациите против вакцинацијата во Солун стануваат помасовни пренесуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе